Поврзете се со нас

Италија

„АС“: Марсело добил прималива понуда од европски великан

Објавено

на

Марсело на почетокот на оваа седмица доби институационално испраќање од Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ и стави крај на својата 16-годишна етапа во клубот во кој пристигна како тинејџер, а си замина како сопруг и родител на две деца.

Легендарниот Бразилец ги освои сите титули во Реал и си отиде како најтрофеен играч во историјата на „кралскиот клуб“ (25 трофеи), но на прошталниот прес најави дека не планира да се повлече и дека ќе продолжи да игра фудбал.

Марсело најави дека ќе даде известување до медиумите кога ќе има посериозна одлука за неговата иднина, но за крај на седмицата во која се прости од Реал, пристигна ексклузива на „АС“ за понуда која е навистина примамлива.

Иако има неколку понуди од Турција, онаа од еден европски великан сега избива во прв план, бидејќи угледниот мадридски весник „АС“ открива дека на вратата на Марсело затропал Милан.

Новиот италијански шампион му понудил договорен вреден 3 милиони евра по сезона, но подготвен е да ја подобри понудата доколку Марсело смета дека тоа е недоволно. Во ексклузивата на „АС“ се споменува и името на Марсеј, клуб кој исто така сака да го привлече Бразилецот во Франција со понуден повеќегодишен договор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни