Поврзете се со нас

Англија

Артета го дефинираше најголемиот „непријател“ на Арсенал сезонава

Објавено

на

Арсенал има перфектен почеток на сезоната и со само еден пораз досега останува на врвот на премиерлигашката табела.

Во пресрет на утрешното дерби со Ливерпул, менаџерот Микел Артета зборувал за „црвените“ како ривал, но потенцирал дека Арсенал има еден друг „непријател“ кој мора да биде совладан.

– За да победувате на вакви дерби натпревари, треба да имате самодоверба и да сте убеден дека можете да победите.

– Ако тоа ви недостасува, значи дека се плашите, а тој страв е најголем непријател. Тоа посебно важи кога играте против големите клубови, кои се навикнати да победуваат. Не смееме да покажеме страв во недела, исто како што не се плашевме од Тотенхем, – изјавил Артета.

Арсенал има 11 бода повеќе од Ливерпул, кој има натпревар помалку од утрешниот ривал. Натпреварот започнува од 17:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни