Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти го прецрта неизвесниот стартер за големото финале во ЛШ: Нема да стигне навреме

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Мадридските медиуми во изминатите 24 часа на големо пишуваа дека повредата на Орелијан Чуамени е доста потешка од тоа што првично се мислеше, па најавите за негово неиграње на финалето на „Вембли“ сега беа официјално потврдени од Карло Анчелоти.

Италијанецот и дефинитивно го прецрта Французинот за големиот натпревар против Борусија Дортмунд кој се игра наредниот викенд, откако лекарите утврдиле дека невозможно е да ја санира повредата на стапалото за толку брз период.

Чуамени се повреди на реваншот против Баерн на „Бернабеу“ и со патерици се појави на шампионската прослава на Ла Лига, па иако тогаш најави дека ќе стигне навреме за најважниот меч во сезоната, Орелијан сепак ќе го отстапи своето место на друг колега.

Французинот беше предвиден како стартер во средниот ред, па јасно е дека Дон Карло ќе мора да покрива со Камавинга или Модриќ, бидејќи Валверде и Тони Крос се сигурни во почетните 11.

– Чуамени е прецртан за финалето во Лигата на шампионите, нема да стигне навреме за тој меч. Финалето остана недостижно, но ќе стигне навреме за Европското првенство, – изјави Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни