Поврзете се со нас

Англија

Алисон се расплака за време на интервјуто по херојскиот гол во 95. минута (Видео)

Објавено

на

Алисон Бекер беше неочекуван херој на Ливерпул во противничкиот шеснаесетник на „Хоторнс“, бидејќи голманот на Ливерпул со својот прв гол во професионалната кариера му донесе драгоцена победа на својот тим во битката за топ четири пласман на крајот од сезоната.

Бразилскиот чувар на мрежата реши да се пресели во шеснаесетникот на домаќините во 95-та минута и судбината посака топката да заврши на неговата глава, по што тој фантастично реагираше и постигна спектакуларен погодок за 1:2 и огромни три бода на „црвените“.

Играчите на Ливерпул го прегрнуваат својот јунак и му честитаа за неверојатниот гол, по што Алисон реши да го одработи и првото интервју по големата загуба и несреќната смрт на неговиот татко кој се удави во родниот Бразил.

Чудо на „Хоторнс“: Алисон изреагира како врвен напаѓач и му донесе победа на Ливерпул во 95. минута (Видео)

– Ова се премногу емоции за мене, премногу сум емотивен. Овие последни неколку месеци беа тешки поради се што ми се случи на мене, на моето семејство. Но, фудбалот е мојот живот, играм откако памтам за себе, откако го паметам својот татко, кој навистина посакувам да биде тука. Се надевам дека ме гледаше од горе заедно со Бог и дека славеше. Овој гол е за моето семејство, за момците. Фантастична борба, навистина сум среќен за момците, сакаме да стигнеме до пласман во Лигата на шампионите, – изјави емотивниот Алисон кој не можеше да ги сокрие солзите.

– Бегав од интервјуа долго време, ова беше тежок период, секогаш емотивно се потресувам кога зборувам за семејната трагедија. Сега сакам да им се заблагодарам на сите, на вас новинарите, на Премиер лигата, на играчите. Добив многу пораки, од менаџери, тимови. Пример ќе дадам со Евертон, Карло Анчелоти и сите играчи. Истото важи и за Сити, Челси, не сакам да испаднам нефер и да не споменам некого. Сите ми помогнаа, ако не бевте сите вие, немаше да можам да минам низ сето ова. Денеска, не знаев како да прославам, се надевам дека нема да има потреба да одам од едниот во другиот шеснаесетник во иднина, верувам дека соиграчите ќе го направат тоа место мене, – со насмевка заврши Бразилецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни