Поврзете се со нас

Англија

Чудо на „Хоторнс“: Алисон изреагира како врвен напаѓач и му донесе победа на Ливерпул во 95. минута (Видео)

Објавено

на

Ливерпул беше на добар пат да си „пука во колено“ против испаднатиот Вест Бромвич Албион, но кога се чинеше дека ќе загуби драгоцени два бода во битката за топ четири, се случи чудо на „Хоторнс“.

Напаѓачите и играчите за врска на Јирген Клоп не успеваа да направат разлика во завршната третина од теренот и се чинеше дека натпреварот ќе заврши со 1:1, но тогаш на сцена стапи Алисон Бекер кој отиде во противничкиот шеснаесетник и постигна херојски гол за победа.

Резултатот беше израмнет од првото полувреме во кое во листата на стрелците на двете страни се запишаа Робсон Кану и Салах, па иако Ливерпул создаде доста шанси за гол во вториот дел, на крајот одлучувачки фактор се покажа излетот на чуварот на мрежата.

Бразилецот пристигна во шеснаесетникот во последен момент, а центаршутот од Арнолд слета на неговата глава и маестрално во манир на расен голгетер погоди во мрежата за 1:2 во 95-та минута и огромна победа на Ливерпул.

Со овие три бода, Ливерпул дојде на само минус еден бод од четвртото место, што значи дека во последните две кола ќе се решава кои два тима ќе бидат последните патници во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни