Поврзете се со нас

Формула 1

Алфа Ромео го менува Џовинаци со прв кинески возач во Формула 1

Објавено

на

Формула 1 тимот Алфа Ромео денеска го потврди својот возачки состав за следната сезона, па помалку изненадувачки во него ќе го нема Италијанецот Антонио Џовинаци.

Претходно, Кими Раиконен најави дека ќе ја заврши Формула 1 кариерата, а неговото место ќе го заземе Валтери Ботас, за денеска да биде ставен печат и на прашањето за вториот возач.

Местото на Џовинаци ќе го заземе кинескиот пилот Гвању Жу, кој доаѓа од Формула 2 и ќе биде дебитант во најатрактивното светско моторспорт натпреварување.

Жу трета сезона вози во Формула 2, а беше дел од јуниорската програма на Рено, односно денешен Алпин.

Џовинаци досега извозе 60 трки во болидот на Алфа Ромео Заубер, а најдобар пласман му е петтото место на трка пред две години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни