Поврзете се со нас

Италија

Алегри го повика Секулов за гостувањето на Јувентус кај Лацио

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Јувентус утре има незгодно гостување кај Лацио во италијанското првенство, а отсуството на двајца напаѓачи отвори простор и за еден од големите потенцијали од вториот тим на „бјанконерите“.

Се работи за Никола Секулов, повремениот италијански репрезентативец со македонско потекло, кој на 21-годишна возраст доби втор повик од тренерот Макс Алегри во првиот тим.

Првиот пат тоа се случи за ланското дерби со Интер, а Секулов сега може да се надева и на дебитантски настап во отсуство на суспендираниот Влаховиќ и повредениот Милик.

Секулов првиот дел од сезоната го мина на заем во Кремонезе, по што во јануари беше вратен во У23 тимот на Јувентус и со своите настапи ги подобри резултатите на својата екипа.

Алегри го повика Секулов меѓу петте офанзивни фудбалери за гостувањето во Рим, а тој заслужено добива ваква шанса, меѓу другото и како рекордер според бројот на настапи во Јувентус НекстЏен тимот (92 настапи). Никола е роден во Пјаченца, неговите родители се Македонци, а досега настапуваше за неколку категории на италијанската репрезентација. Од 14 години е дел од младинската академија на Јувентус и брзо напредуваше до највисокото ниво, па сега со право очекува вистинска шанса и во сениорскиот состав.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни