Поврзете се со нас

Италија

Агентот на Милинковиќ-Савиќ проговори директно за неговата иднина: Се ќе биде појасно…

Објавено

на

Сергеј Милинковиќ-Савиќ со години е еден од најдобрите играчи на Лацио заедно со Чиро Имобиле, меѓутоа и покрај добрите, постојани, конзистентни партии и фактот што е меѓу најквалитетните играчи на својата позиција во Серија А се уште не може да направи трансфер и покрај интересот што го има во секој преоден рок.

Една од причините за тоа е секако високата цена која за него ја има поставено претседателот Клаудио Лотито кој бараше 80, 100 милиони евра за да пред неколку денови порача дека не би прифатил ништо под 120 милиони евра.

Оваа изјава во негов стил дојде по вестите дека Јувентус наводно е подготвен да го ангажира на почетокот на наредната година. Околу оваа ситуација, информации се огласи и агентот на српскиот репрезентативец, Матеја Кежман кој порача:

-Мислам дека не е време да се разговара за цената и трансферот на Сергеј. Лацио е на врвот, на тимот му треба мир. Сите знаеме дека веднаш по mундијалот некои работи ќе бидат појасни и ќе дојде време да се зборува за се.

-Милинковиќ-Савиќ има само 18 месеци од договорот и како што реков по СП ќе биде време да разговараме прво со претседателот, а потоа со сите останати. Во сите овие години Сергеј и јас ги почитувавме Лацио и претседателот Лотито. Морам да мислам прво на интересот на играчот, а потоа и на интересот на клубот, -порача Кежман за „Кориере Дело Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни