Поврзете се со нас

Светски првенства

Зидан нема да ги бодри Французите во финалето во Катар

Објавено

на

Селекцијата на Франција може да дојде до нова титула на Светските првенство, па фудбалската федерација на оваа земја сака да им даде максимална поддршка на избраниците на Дидие Дешам со повик до легендите, шампионските генерации на „триколорите“.

Имено како што пренесува „РМЦ спорт”, федерацијата организира специјален лет во сабота од Париз на кој ќе бидат играчи од генерациите кои ги освоија ЕП во 1984 и 2000, но и оние на Мундијалите од 1998 и 2018 година.

„РМЦ спорт” не успеал да го дознае списокот на патници, односно оние кои прифатиле да дојдат во Катар и во живо ги бодар сонародниците.

Она што е сигурно е дека Зинедин Зидан се заблагодарил за поканата, бидејќи нема да го следи во живо финалето меѓу Франција и Аргентина закажано за в недела од 16 часот на стадионот „Лусаил“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни