Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вујовиќ: Го делам разочарувањето со навивачите, немам проблем да си одам од Вардар!

Објавено

на

Фото: РК Вардар

Веселин Вујовиќ потенцираше дека пет порази во низа ќе бидат премногу тежок и непријатен удар за неговиот Вардар, но за жал, вчеравечер тоа се случи во Скопје и публиката во „Јане Сандански“ во неколку наврати испрати и свирежи за играта која ја прикажаа ракометарите во „црвено-црно“.

Вардар загуби од Пик Сегед вторпат во краток временски интервал, овојпат со 27:30, пред се поради ужасниот старт на натпреварот во кој гостите успеаја да си создадат комотна позитива од 8:1 која подоцна лесно ја одржуваа и ја материјализираа во нови бодови.

– Прво честитам на Сегед за победата. Јас сум разочаран, не од резултатот од поразот, туку од начинот на кој загубивме. Отворивме лошо, напаѓачки не бевме блиску до нивото, правевме почетнички грешки и тие направија разлика која подоцна само ја одржуваа. Се обидовме да се поправиме, но не можевме да се вративме. Немавме расположени играчи. Знаеме кој е Сегед, повоиграни се од нас, нивниот проект е пред осум-девет години и навистина не е лесно да им се парира.

– Реков дека ќе дојдат тешки времиња и моето разочарување го делам со она на навивачите. Не се задоволни, но наша цел е да пројдеме во втората рунда, се надевам дека ќе го оствариме тоа. Имаме добар распоред, поразот е тежок, но борбата трае и ќе дадеме се од себе. Жалам за реакцијата од фановите, ги сфаќам, но јас сум тука само за да помогнам.

– Ако некои „пресни“ луѓе сметаат дека некој друг тренер може да оствари подобри резултати од овие, јас немам никаков проблем да си одам од Вардар. Јас дојдов за да го спасам Вардар, да помогнам, бидејќи кога доаѓав, беше на работ да згасне. Не бев тука кога клубот имаше пари, навистина ми е тешко кога губам. Кога гледам на семафорот дека е 8:1, јас сакам да исчезнам од клупата, бидејќи тоа ме боли. Сепак, се додека некој ми верува, ќе останам тука и ќе се борам за Вардар, – порача Вујовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни