Поврзете се со нас

Италија

Второто зимско засилување на Алегри пристигна во Јувентус (Фото)

Објавено

на

Денис Закарија и дефинитивно ќе го облече дресот на Јувентус, бидејќи ова утро пристигна во медицинскиот центар на клубот, каде по минувањето на лекарските прегледи, ќе стави потпис на договорот.

Дефанзивниот играч за врска се претвора во второ големо зимско засилување за тренерот Масимилијано Алегри, кој изминатава недела го доби и Душан Влаховиќ кој за рекорден зимски трансфер се пресели од Фиренца во Торино.

Јувентус лесно ги договори деталите со Закарија поради фактот што неговиот договор со Борусија Менхенгладбах истекуваше на крајот од сезоната, па отштетата која ја плаќа италијанскиот клуб изнесува 5 милиони евра, кои можат да станат 8 милиони евра доколку се исполнат одредени бонуси.

Закарија ќе игра на позицијата на Бентанкур кој прави трансфер во редовите на Тотенхем, што значи дека клубот експресно му осигура добра замена на Алегри.

Швајцарскиот репрезентативец утрово беше пречекан од фановите на Јувентус пред медицинскиот центар, кои секако се горди на тоа што клубот се избори за негов ангажман пред клубови како Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни