Поврзете се со нас

АТП

Во Шпанија посебно вирално стана едно интервју од Алкарас на 12 години: Идол не му е Надал (Видео)

Објавено

на

Карлос Алкарас на 5-ти мај наполни само 19 години, а младиот шпански тенисер не можеше да си се погрижи за подобар роденденски подарок од оној за кој самиот се избори.

Алкарас во период од два дена ги победи Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето и полуфиналето, а потоа во големото финале го декласираше Александер Зверев и стана најмладиот шампион во историјата во Мадрид.

Карлос продолжи со својот стратосферски раст и во моментов важи за тенисер кој игра најдобро во светот, па и покрај тоа што пред неколку дена стана полнолетен, веќе може да се пофали со две титули на турнирите од АТП Мастерс серијата 1000.

Талентираниот Шпанец сосема заслужено го добива цело внимание од светската тениска јавност, но шпанските медиуми денеска посебно потенцираа едно интервју од деновите кога имал само 12 години.

Во истото, Алкарас порачува дека омилен турнир му е Френч Опен, сон му е да ги освои Ролан Гарос и Вимблдон, а интересно, Рафаел Надал не е неговиот најголем идол. Алкарас потенцира дека негов омилен играч е Рожер Федерер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни