Поврзете се со нас

Балкан

Верон за Михајловиќ: Тој ми беше како постар брат, секогаш ќе го паметам по неговата насмевка

Објавено

на

Хуан Себастијан Верон и Синиша Михајловиќ имаа слични фудбалски патишта, па така низ кариерата играа заедно во Сампдорија, Лацио и Интер.

Сето ова минато време донесе пријателство, почитувања, па на Аргентинецот му е многу тешко и жал што животот на популарниот Миха прерано згасна и тоа откако ја загуби борбата со леукемијата.

-Кога пристигнав во Сампдорија, научив многу гледајќи и предизвикувајќи се себеси со него. Има многу тага, но сакам да се сеќавам на него со насмевка, тој секогаш ми беше голем брат. Никогаш не се расправав со него, тој секогаш ме водеше. Со Синиша на теренот, слободните удари беа сите негови, -рече Верон кој даде коментар и за мундијалскиот пехар на неговата Аргентина.

-Она што го има фудбалот, а што го нема политиката е силата на единството. Можеме да го видиме на улиците на Буенос Аирес, нема политички бои. Фудбалот има моќ да обединува и тоа е една од најубавите работи што можете да ги видите. Извонредно, радост повторно да се види титулата во Аргентина. Бев мал во 1986 година, -истакна некогашниот играч за врска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни