Македонија
Вечното дерби одложено по втор пат: Нема услови за игра во Битола

Вечното македонско дерби меѓу Пелистер и Вардар во Купот доби второ одложување, овојпат поради немање оптимални услови за игра на теренот во Битола.
Како и сите останатите четвртфиналните натпревари, оној меѓу Пелистер и Вардар првично беше одложен поради големата автобуска трагедија во Бугарија, но истиот нема да се одигра и денеска во истиот термин како останатите три.
Денеска ќе се игра фудбал на средбите меѓу Македонија-Шкупи, Шкендија-Струга и Силекс-Брегалница, додека последниот патник во полуфиналето ќе биде познат подоцна во месец декември.
– Предвидениот натпревар од 1/4 на купот на Македонија против Пелистер во Битола поради лошиот терен и немањето услови за игра, нема да се одигра денес. Новиот термин ќе биде дополнително објавен, – гласи објавата на Вардар.
Снежната покривка во Битола ги направи работите навистина комплицирани за луѓето одговорни за теренот, па непосредно пред стартот на мечот во 13:00 часот, пристигна официјална информација дека истиот нема да се одигра.
-
Шпанијапред 22 часа
Иско испрати јасна забелешка до Зидан и Анчелоти на промоцијата во новиот клуб во Ла Лига
-
Италијапред 17 часа
Ајнтрахт остана без главната ѕвезда за дуелот со Реал, Германците му договорија трансфер во Јувентус (Фото)
-
АТПпред 17 часа
Видео на денот: Федерер му го исполни сонот на фанот кој му постави неверојатно прашање пред пет години
-
Шпанијапред 18 часа
Модриќ режираше магии на завршната подготовка пред Суперкупот во Европа (Видео)
-
Италијапред 21 час
Бесен италијански репрезентативец тргна да се тепа со навивач на Сасуоло (Видео)
-
Англијапред 11 часа
Манчестер Јунајтед се откажа од Арнаутовиќ, Македонец главен „виновник“ за пропаднатиот трансфер
-
Светски првенствапред 12 часа
Германска легенда најави дека ќе го бојкотира СП во Катар
-
Германијапред 18 часа
Левандовски: Баерн има еден специјален талент како што Барса ги има Педри, Гави и Ансу Фати