Поврзете се со нас

Македонија

Вардар се засили со туниски ракометар за клучниот дел од сезоната (Фото)

Објавено

на

Foto:facebook.com/rkvardar

Вардар извонредно се прикажа во првиот дел од сезоната во македонската Суперлига и со максимални три бода патува во плејофот, фаза која ќе ја отвори со дуел со вечниот ривал Еурофарм Пелистер.

Денешната ждрепка во Ракометната Федерација донесе дуел на вечните ривали уште во воведното коло, но истовремено Вардар го претстави и првото засилување за овој дел од сезоната.

Вардар реши да пополни едно од дефицитарните места во тимот, па така Неданоски и Стоилов за продолжението од шампионатот ќе можат да сметаа на нов десен бек.

– Пополнувајќи ги дефицитарните места во тимот со соодветни засилувања, повеќекратниот македонски првак Вардар 1961 ангажираше нов играч, на позицијата десен бек.
Веќе неколку денови во Скопје е Мохамед Тарик Бакар (23) кој тренира со екипата и заедно со кондициониот тренер Тони Богдановски со цел да биде подобро подготвен за пролетниот дел од сезоната.

– Новиот играч потпиша договор за следните 1,5 сезона, и во Вардар треба да остане во јуни 2025 година. Мохамед Тарик Бакар има играно за сите младински селекции на Тунис, а во моментов се наоѓа и на поширокиот список на сениорскиот репрезентативен тим. Пет сезони игра во сениорската лига на Тунис, и има настапувано за екипите на Клуб Африкан, Олимпик Солиман и Ксур Есеф каде настапуваше претходната сезона.

– Во моментов на позицијата десен бек во тимот настапува Томислав Јагуриновски. Екипата на Вардар го освои првото место во групната фаза од првенството на Македонија и ќе тргне со три бода во плејофот.Тимот веднаш после новогодишните празници ќе продолжи да се подготвува за пролетниот дел од сезоната, и своите тренинзи ќе ги одржува во Скопје, – гласи објавата на Вардар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни