Поврзете се со нас

Македонија

Вардар го потврди и второто засилување до крајот на сезоната (Фото)

Објавено

на

Вардар пред осум дена го претстави Стефан Додиќ од Охрид како големо засилување до крајот на сезоната, но во овој зимски преоден рок, македонскиот првак осигура уште еден потпис.

Станува збор за ракометар кој е добро познат на нашата сцена, односно играч кој доскоро ги бранеше боите на Металург, клуб кој западна во тешка финансиска криза.

Костадин Петров се обврза на договор со Вардар до крајот на сезоната, што значи дека новиот тренер Дејвис добива опција плус на позицијата кружен напаѓач.

Пикерот има насобрано искуство со оглед на тоа што веќе има 29 години и сигурно ќе се обиде да се најде во ротацијата на Дејвис, кој од претходно на оваа позиција ги имаше Стоилов, Тото и Валчак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни