Поврзете се со нас

Светски првенства

Угледниот „Лекип“: Правилата велат дека третиот гол на Аргентина требаше да биде поништен (Фото)

Објавено

на

Франузите можат да жалат што останаа без одбрана на светската круна во лудото финале против Аргентина во Катар, особено поради фактот што два пати се враќаа во мечот и ја анулираа негативата.

Тимот на Дидие Дешамп покажа карактер и во само 90 секунди израмни на 2:2 по почетната негатива, а не се предаде и кога Лео Меси го постигна својот втор гол во продолжението.

„Триколорите“ успеаја да израмнат со третиот гол на Мбапе и се изборија за пенал рулет, но во ситуација кога играчите остануваат горди и покрај тоа што не добија награда за сработеното, француските медиуми тврдат дека селекцијата била оштетена во повеќе наврати.

Угледниот „Лекип“ го тргна настрана „мекиот“ пенал кој беше досуден врз Ди Марија, порачувајќи дека третиот гол на Аргентинците требал да биде поништен поради тоа што неколку играчи од аргентинската клупа влегле во теренот уште пред топката да ја мине гол линијата.

– Според правилата на ФИФА, вториот гол на Меси, оној во судиското продолжение, требаше да биде поништен од судијата на мечот Шимон Марцињак. Аргентинските замени веќе беа на теренот пред топката да помине преку гол линијата на Уго Лорис, – пишува „Лекип“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни