Поврзете се со нас

Македонија

Тоше Ончев: РК Голден Арт е средина која нуди добри услови за напредок на млади ракометари

Објавено

на

Фото: РК Голден Арт

Велешанецот Тоше Ончев во следните две години ќе биде член на ракометниот клуб Голден Арт. По завршувањето на најуспешната сезона од своето формирање, клубот кој своите тренинзи и натпревари ги реализира во С.Ц „Јане Сандански“ во Општина Аеродром, им се заблагодари на четворица досегашни играчи, но воедно ги обнови договорите со четворица ракометари од составот кој настапуваше минатата година.

Сега РК Голден Арт го промовира 26-годишниот Ончев, кој како роден Велешанец, своите први ракометни чекори ги направи во родниот град, за потоа преку скопски Вардар, каде се задржа осум години, да го направи своето деби како интернационалец, во втората по квалитет лига во Франција. Од таму направи трансфер во Грција, за после една година да се врати во домашниот шампионат, каде настапуваше за тимот на Работнички. Во сезоната 2021/22 заминува во Тримо од Требње, во Словенија, каде одигра одлична сезона, за минатата натпреварувачка сезона да ја стартува во амбициозниот Охрид, каде поради сериозна повреда на коленото, предвреме ја заврши сезоната.

– Сакам да се заблагодарам за довербата од страна на клубот и можноста да се напредува индивидуално и како колектив, во клуб кој е воден од одлична група на професионалци но и големи ентузијасти. Среќен сум што ќе бидам дел од екипа составена од млади македонски ракометари, колектив кој е препознатлив по добра работна атмосфера и во кој може да се напредува на техничко тактички план. Возраста на играчите и структурата дава за право да размислуваме дека со добра работа, сериозна конкуренција, давајќи се од себе ќе имаме можност да постигнеме добри резултати, одејќи чекор напред во однос на минатата година.

РК Голден Арт го одбрав како клуб кој е препознатлив по тоа што овозможува добри услови за напредок на младите играчи и сигурен сум дека од година во година клубот ќе расте и ќе се развива на повисоко ниво“. “ – изјави Тоше Ончев при потпишување на договорот.

Клубот преку своите соопштенија до јавноста во повеќе наврати посочи дека и во иднина ќе дава можност на младите ракометари од своите младински категории, надополнувајќи ги со исклучиво млади амбициозни македонски ракометари, потенцијални репрезентативци, кои во иднина ќе бидат гордост на тимот и на државата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни