Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Томовски: Кил не беше перфектен, но ги казни нашите грешки

Објавено

на

Ракометарите на Вардар не направија изненадување и загубија од Кил со 32-30 во средбата од 9. коло во Лигата на шампионите.

Нашиот претставник се обидуваше низ сите 60 минути да биде рамноправен противник, но домаќиниот постојано беше чекор-два понапред од „црвено-црните“ и заслужено дојде до нови бодови во елитната конкуренција. Во таборот на Вардар се свесни дека мора да работат на нивната игра, да корегираат некои недостатоци, проблеми кои ги имаат, а воедно спортски му ја честитаа победата на бундеслигашот

-Како што кажа нашиот тренер, одигравме еден доста тежок натпревар, можеби Кил беше не така перфектен, но нашите грешки беа казнети. Поради тоа и загубивме. Мора да се фокусираме на нашата игра и да одиме понатаму. Сакам да му посакам на Кил се најдобро и да останат здрави, -порача голманот Мартин Томовски кој средбата ја заврши со 11 одбрани.

Следната средба на Вардар во ЛШ е во Хрватска против ППД Загреб.

Вујовиќ: Ова е депресивно, секој меч сме блиску, но на крајот остануваме без поени

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни