Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вујовиќ: Ова е депресивно, секој меч сме блиску, но на крајот остануваме без поени

Објавено

на

Тимот на Вардар не успеа да направи изненадување против Кил и на тој начин да ја прекине негативната серија во Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ се бореа на средбата во Германија, се обидуваа да го пратат ривалот, но на крајот мораа да се задоволат со пораз од 32-30, пораз кој за нив беше шести во низа во елитното натпреварување.

Тренерот Веселин Вујовиќ призна дека Вардар се наоѓа во тешка ситуација, но воедно истакна дека се надева дека веќе против Загреб ќе дојдат по посакуваниот резултат.

-Честитки за мојот колега Јиха, видовме еден добар натпревар во убава атмосфера како што е секогаш кај Кил. За нас, ситуацијата е малку депресивна затоа што на секој меч сме блиску, но на крајот остануваме без поени. Ова е тешко, но ќе се обидеме да направиме нешто во последните натпревари. Од самиот почеток беше тежок меч, Кил е можеби најдобриот тим во Европа и во Германија. Се обидувавме, боревме, но ова е добар резултат за Кил. Мора да се фокусираме на следниот дуел со Загреб каде сакаме да победиме, -изјави Вујовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни