Поврзете се со нас

Боречки спортови

Таеквондистите од Охрид на престижен турнир од А Класа организиран од ИТФ Естонија

Објавено

на

11 натпреварувачи од Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ” од Лескоец, Охрид викендов ќе ги бранат боите на клубот и на Македонија на меѓународниот онлајн Таеквон-до ИТФ турнир од А класа  “Балткуп 2021”,во организација на Таеквон-до ИТФ Федерацијата на Естонија.

На турнирот се пријавени учесници од 56 клубови ширум Европа и на истиот ќе се натпреваруваат во дисциплината  ФОРМИ (борба со замислен противник). Натпреварот ќе се одржи  онлајн во живо на 19-20 Јуни 2021, од 09-18 часот, а сите љубители на овој спорт ќе може да гледаат и да навиваат за нашите натпреварувачи на „Јутјуб“ каналот  ITF TV.

Од клубот се надеваат дека и овојпат нивните таеквондисти ќе ги израдуваат со успех.

– Иако поради ситуацијата со Ковид-19 стагниравме со натпревари, веруваме и се надеваме дека добро ќе се претставиме на овој турнир. Она што можеме да го ветиме е дека ќе дадеме се од себе гордо да го претставиме нашиот клуб и нашата земја, -изјави тренерот на „Хва Ранг ИТФ“, Марјанчо Лазаревски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни