Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Срна: Имаме тренер кој е на нивото на Гвардиола

Објавено

на

Шахтјор вечерва на домашен терен ќе го пречека Реал Мадрид во третата рунда од групната фаза во Лигата на шампионите, натпревар кој е многу важен за двата тима со оглед на недоволниот учинок кој го остварија во првите два меча.

Домашниот тим влегува во мечот со еден освоен бод, додекеа Реал по триумфот над Интер, претрпе шокантен пораз од Шериф и вечерва сигурно ќе сака да се врати на победничките патеки.

Лука Модриќ во најавата за мечот порача дека Шахтјор е уште подобар тим од лани со Де Зерби како тренер на клупата, став со кој се согласува и актуелниот спортски директор на украинскиот тим, легендарниот Дарио Срна.

– Со Де Зерби се сретнав во Италија изминатово лето и тој беше наша прва, втора и трета опција. Тимот на Де Зерби негува неверојатен фудбал, неговиот стил е сличен на тики-така, а тука има бразилски фудбалери за да го извршува тоа.

– Гвардиола досега тренираше тимови како Барселона, Баерн и Сити, Де Зерби го нема достигнато тоа ниво, но идеите кои ги има се идентични како оние на Пеп. Де Зерби е млад, гладен и многу амбициозен. Имаше многу понуди, но не избра нас. Тој е на нивото на Гвардиола кога се во прашање стилот и идеите, сигурен сум дека ќе заврши многу високо после етапата која ќе ја има со нас, – вели Срна во интервјуто за „АС“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни