Поврзете се со нас

Англија

Солскјер со бизарна изјава за разочараната ѕвезда на Јунајтед: Знам дека не е среќен, но…

Објавено

на

Оле Гунар Солскјер беше импресиониран од реакцијата на неговиот тим во второто полувреме против Аталанта, но во победата од 3:2, шанса одново не доби ѕвездата која очигледно е разочарана од својот статус кој го има во ростерот на менаџерот.

Дони Ван Де Бек остана закован на клупата за резерви на петти меч во низа и тоа никако не е добро за неговата фудбалска иднина, бидејќи на стартот на втората сезона во Јунајтед, добива уште посимболична минутажа од онаа во првата.

Во разговор за холандската телевизија, Солскјер говореше за ситуацијата на Ван Де Бек по триумфот од 3:2 над италијанскиот тим, но една негова бизарна изјава се најде во прв план.

Како менаџер на првиот тим, Оле е тој кој одлучува кој излегува на теренот, па токму поради тоа, несфатлива е изјавата со која порача дека „се надевам дека Дони ќе добие шанса“.

– Дони се уште работи напорно секој ден и секако дека е многу тешко за него. Разбирам дека Дони е фрустриран, тој е разочаран, но и покрај тоа напорно работи секој ден и има насмевка на лицето.

– Знам дека не е среќен, но се однесува како вистински професионалец. За жал, работите во фудбалот се некогаш вакви, во моментов не игра, но не треба да се откажува. Тој продолжува да тренира и уживам да го имам на тренинзите. Се надевам дека ќе добие шанса, – гласи бизарната изјава на Солскјер за „РТЛ7“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни