Поврзете се со нас

Италија

Соиграчот на Пандев кој стана интернет сензација: Не знаев каде да го фрлам шишето (Видео)

Објавено

на

Соиграчот на нашиот Горан Пандев од Џенова, Матија Дестро стана вистински интернет хит по вчерашниот погодок на натпреварот против Хелас Верона кој го постигна со шише вода во својата рака.

Во спектакуларниот натпревар на кој паднаа шест погодоци (3:3), Дестро беше стрелeц на третиот погодок за неговиот тим во 85. минута во тој момент за тотален пресврт и водство на Џенова од 3:2.

Напаѓачот кој одлично ја започна сезоната во Серија А се освежуваше покрај аут линијата кога Пандев доби топка и одлично го проигра Дестро кој немаше што да прави со шишето, па го задржа во својата рака, за подоцна да постигне и погодок.

– Бев во грч и многу уморен, па не знаев каде да го фрлам шишето и го задржав во мојата рака, -кратко изјави Дестро кој во воведните пет кола во Серија А има запишано шест погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни