Поврзете се со нас

Италија

Несекојдневна ситуација: Пандев асистираше, Дестро постигна гол со шише во раката! (Видео)

Објавено

на

Саботната програма во Серија А ни донесе три натпревари, но оној кој се одигра во вечерниот термин беше идентично возбудлив и интересен како оној меѓу Интер и Аталанта.

Во дербито на „Џузепе Меаца“, Интер и Аталанта ги поделија бодовите во меч кој заврши 2:2, но уште полудо беше на Мараси стадионот во Џенова каде домашниот тим се погрижи за спектакуларен пресврт против Верона, пред да прокоцка победа во судиското продолжение.

Џенова губеше до 77-та минута од Верона со 0:2, но потоа во три минути Кришито постигна два гола, пред Дестро да го комплетира пресвртот во 85-та минута.

Асистент во дадената ситуација беше нашиот Горан Пандев кој ја разбуди Џенова со своето влегување во игра, но сепак, во прв план се најде начинот на кој Матија го постигна погодокот.

Имено, Дестро се освежуваше крај аут линијата пред да стартува контрата која добро ја намириса Пандев, па поради тоа, беше принуден да постигне одличен гол со шише во раката.

Погодокот за 3:2 предизвика ерупција на „Луиџи Ферарис“, но во 91-та минута следеш затишје бидејќи Калиниќ израмни на 3:3.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни