Поврзете се со нас

Лига Европа

Сколс шокиран од потегот на играчот кој Тен Хаг го извади на полувреме: Да бев на местото на противникот….. (Видео)

Објавено

на

Манчестер Јунајтед ја оправда фаворитската улога против Шериф и оствари рутинска победа од 3:0, резултат со кој „ѓаволите“ и математички обезбедија плсаман во нокаут фазата во Лигата на Европа.

Кристијано Роналдо со својот гол за конечни 3:0 успеа да се искупи и се извини за драмата која ја предзивика минатата седмица, но ако тој ги освои симпатиите на гледалиштето, еден играч доби голема осуда од фудбалските експерти кои го коментираа мечот.

Роби Севиџ жестоко го нападна Антони за еден негов трик во првото полувреме кој се покажа како крајно непродуктивен, но уште покритички настроен беше легендарниот Пол Сколс.

– Ако јас бев на местото на играчот на Шериф, добро знам што ќе направев. Едноставно не знам што мислеше со тоа што го направи. Ова е смешно и некорисно. Погледнете ја реакцијата на Тен Хаг, тоа најдобро ви ја опишува ситуацијата.

– Не проаѓа човек, не освојува простор, не носи забава со ова. Го прави ова при резултат 0:0, а потоа следи неточно додавање и топката завршува во гол-аут. Но, тој едноставно е таков, сум го гледал како го прави ова и во Ајакс, – порача Сколс за Бразилецот кој инаку беше повлечен од Тен Хаг на паузата меѓу двете полувремиња.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни