Поврзете се со нас

Англија

Сити му одржа лекција на Арсенал и е во пол позиција за пехарот во Премиер лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Манчестер Сити славеше убедлива победа над Арсенал (4-1) во дерби средбата од 33. коло во Премиер лигата.

Долго време се очекуваше овој дуел, а истиот покажа дека „граѓаните“ се во залет и дека во моментов се на добар пат да ја одбранат титулата иако се уште заостануваат зад лидерот Арсенал два бода, но имаат и два меча помалку од „топчиите“ што јасно говори дека сами одлучуваат во трката за трофејот.

Де Брујне со мајстоски гол го отвори дуелот на „Итихад“, додека стоперот Стоунс зголеми на 2-0 во судиското продолжение на првиот дел.

Кевин со својот втор гол во 54 минута донесе нова радост за Сити. Во финишот видовме уште два погодоци, првиот беше дело на Холдинг во 86, а пак точка стави Халанд во 95 минута.

Во наредното коло четата на Пеп игра со Фулам, Арсенал пак има домашна задача со градскиот ривал Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни