Поврзете се со нас

Репрезентација

Сите на збир: Македонија ги започна подготовките за завршните два меча во годината (Фото)

Објавено

на

Фудбалските селекции кои се дел од мундијалот ги имаат своите кратки собири пред стартот на возбудувањата оваа недела, но овој период ќе биде искористен и од страна на останатите селекции и ФИФА прозорецот ќе послужи и за тест средби.

Македонија договори два пријателски меча против Финска и Азербејџан и истите ќе послужат како добра шанса за докажување на фудбалерите кои се вратија во репрезентацијата, но и за враќање во форма на оние кои се стандардни, а кои имаа проблеми со пронаоѓање клубови на стартот од сезоната.

Благоја Милевски и играчите денеска го одржаа првиот тренинг пред мечот со Финска кој се игра за три дена, собир на кој дојдоа сите повикани фудбалери од списокот.

Милевски најави дека Македонија ќе атакува на две победи против две селекции кои се во подем во последно време, но целта е да добијат прилика сите играчи кои се повикани и да се добие појасна слика за тимот кој ќе игра на квалификациите за Европско првенство.

Натпреварот против Финска се игра в четврток во 18:00 часот, додека оној со Азербејџан се игра во недела во попладневен термин од 14:00 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни