Поврзете се со нас

Англија

Силва го спореди Халанд со Роналдо: Тој го има истиот менталитет, секогаш сака…

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Ерлинг Халанд има фантастична прва сезона во дресот на премиерлигашот Манчестер Сити за кој досега има дадено 48 голови на 42 натпревари во сите конкуренциии што е навистина фантастичен, неверојатен учинок.

Тој постојано е гладен за голови, за успеси, рекорди, па Бернардо Силва повлече паралела и го спореди со неговиот сонародник Кристијано Роналдо. Силва многу добро го познава Кристијано, а во актуелнава кампања имаше доволно време да види утврди на кое ниво е Норвежанецот и со тоа да донесе свој заклучок.

-Таа количина на голови…Неверојатно, тоа е ниво на Роналдо и Меси. Се надевам Ерлинг ќе може да продолжи на тој начин затоа што ни се потребни неговите голови до последниот натпревар од сезоната. Тој дефинитивно го доби истиот менталитет како Кристијано, секогаш сакајќи да биде во шестнаесетникот, секогаш сака да постигне гол. Не му е грижа дали ќе ја допре топката еднаш или два пати, кога ќе ја допре дава гол. Тој е вистински напаѓач.

-Знаевме што може да направи Ерлинг бидејќи претходно го правеше тоа во Норвешка, Австрија и Германија. Го гледавме и игравме против него, но никогаш не знаете што ќе се случи кога ќе дојде, на кое ниво може да стигне. Но она што го направи досега во оваа сезона беше неверојатно и ние сме навистина среќни што го имаме со нас. Тој е дефинитивно специјален играч и многу ни помага. Се надевам ќе може да се подобри, -порача Бернардо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни