Поврзете се со нас

Шпанија

Шпанецот треба да донесе одлука: Алба може повторно да биде соиграч со Меси

Објавено

на

Жорди Алба ја заврши приказната со Барселона и сега како слободен играч ќе може да ја избере наредната дестинација во кариерата.

Со оглед на квалитетот, знаењето, искуството дефанзивецот е интересен за повеќе клубови, а една од опциите е да се пресели во МЛС лигата и тоа во клубот во кој во иднина ќе настапува Лионел Меси. Се работи за Интер Мајами кој сака да го види Шпанецот во своите редови што значи дека во за брзо време можеме одново да видиме соработка Жорди-Лео, соработка која перфектно функционираше во Барселона.

Меѓутоа тоа не е единствената понуда за левиот бек кој е баран и од тимови од Саудиска Арабија, додека пак кога е во прашање Европа каде можни дестинации се споменуваат Атлетико Мадрид и Интер.

Се очекува Алба да донесе конечна одлука по завршувањето на финалниот турнир во Лигата на нации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни