Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи го доби нервозното градско дерби, „пандевци“ немаа решение за Брегалница

Објавено

на

Фудбалерите на Шкупи брзо го заборавија неуспехот во Купот на Македонија и попладнево славеа со 3-1 во градската пресметка против Скопје во рамките на 16. коло во домашниот шампионат.

Средбата во Автокоманда донесе голема нервоза и најдобар доказ за тоа е што домаќините мораа да го завршат мечот со девет играчи поради исклучувањата на Зепата и Најдоски во второто полувреме. Првиот дел донесе по еден гол на двете страни Алварес стрелаше за о-1, додека пак Чешмеџиев несреќно ја погоди сопствената мрежа за 1-1.

Во вторите 45 минути лидерот дојде до посакуваната цел благодарение на Фаустин и Алварес кој со својот втор гол стави точка на сите дилеми.

Најблискиот конкурент на чаирчани Академија Пандев немаше решение за Брегалница и дуелот во Струмица заврши без голови.

На останатите дуели Шкендија со пресврт го доби Пелистер со 2-1, додека без победник завршија мечевите Борец-Македонија ЃП (1-1) и Струга-Тиквеш (0-0).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни