АТП
Сензација во Париз: Алкарас доби „руски нокаут“ уште во воведната рунда

Карлос Алкарас во најавата за Мастерсот во Париз најави дека не доаѓа максимално подготвен после повредата поради која го откажа настапот во Базел, но сепак никој не очекуваше дека ќе доживее елиминација уште во воведната рунда.
Шпанецот до денеска имаше претрпено девет порази во 2023-та година, но ниту еднаш не беше елиминиран толку рано на еден турнир како вечерва во француската престолнина.
Алкарас беше далеку од своето ниво и правеше некарактеристични неизнудени грешки, а бидејќи на тоа се надоврза храбрата игра на Роман Сафјулин, на крај поразот беше неминовен.
Во меч во кој траеше помалку од два часа, на крајот најразочарани останаа тениските фанови во Париз, кои мораа да гледаат како вториот фаворит губи со 6:3 и 6:4.
Алкарас на овој начин значително си ги намали шансите да го симне Ѓоковиќ од светскиот трон до крајот на годината, додека Сафјулин се пласираше во третата рунда во Париз и сега ќе игра со својот сонародник Хачанов.
-
Италијапред 22 часа
Де Лаурентис по гала вечерта во Италија: Децата во Неапол научија важна работа
-
Англијапред 14 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 16 часа
Тасоти посочи што треба да биде приоритет за Милан во зимскиот преоден рок: Тоа е од суштинско значeње
-
Светпред 18 часа
Роналдињо: Мбапе може да ја освои „Златната топка“…
-
Англијапред 23 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Светпред 15 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
Балканпред 17 часа
Канаваро пред тренерски ангажман во Турција
-
Шпанијапред 24 часа
На Симеоне му здосади од Чави: Мораш да го опоменеш, не си ја затнува устата…… (Видео)