Поврзете се со нас

Шпанија

Селта ја сруши Барселона на „Балаидос“, тимот на Роналдо испадна од Примера (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Се спушти завесата и во шпанската Примера и тоа со пет средби во кои главното прашање беше борбата за опстанок, односно која екипа ќе им се приклучи на Еспањол и Елче во понизок ранг.

По многу возбудувања на крајот со празни раце остана Валјадолид кој пред своите гледачи не успеа да најде решение против Хетафе, односно ремито без голови не беше доволно за елитен шпански фудбал и во натпреварувачката 2023/2024.

Тимот во кој главен збор има славниот Роналдо на крајот освои 40 бода или еден помалку од Алмерија која со погодок во 88 минута се избори за нерешен резултат против Еспањол од 3-3 што се покажа како пресудно за останување во Примера.

Селта Виго на својот „Балаидос“ ја сруши Барселона со 2-1 со головте на Веига во 42 и 65 минута, Бетис и Валенсија одиграа без победник 1-1 исто како Кадиз и Елче (1-1).

На крајот Барса е првак, Левандовски пак е најдобар стрелец со 23 голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни