Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Седлоски: Подготвени сме за Динамо, знаеме по што дојдовме

Објавено

на

Екипата на Шкупи ќе се обиде да направи изненадување и дојде до позитивен резултат на првиот меч против Динамо Загреб во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Еден од главните адути на составот од Чаир дефинитивно е тренерот Гоце Седлоски кој добро го познава „Максимир“ и Динамо Загреб како клуб со оглед на тоа што во истиот настапуваше, а потоа имаше улога како тренер во втората екипа.

-Свесни сме против кого играме, еден од најдобрите тимови на овие простори. Знаеме за што дојдовме, нема да биде лесно. Знаеме како игра Динамо, го следевме и анализиравме. Сакаме да се претставиме на добар начин, ќе видиме дали противникот тоа ќе ни го дозволи. Динамо игра доста офанзивен фудбал под водство на новиот тренер Анте Чачиќ. Подготвени сме на се. Мислам дека момците ќе завршат добра работа и добро ќе се претставиме, -истакна Седлоски и додаде:

-Динамо речиси и да нема слабости. Гледаме дека игра многу офанзивно, се уфрлаат од од втор план, мораме да го издржиме тој притисок. Мораме да се позиционираме онака како што јас сакам, цврсто. Велам, тие се фаворити, ние го одработивме својот дел минувајќи го 1. прелиминарно коло, но сега гледаме да се претставиме што подобро во оваа фаза од натпреварувањето. Ова се први 90 минути, има уште во Скопје, нека ни биде стадионот полн со навивачи и таму и да влеземе во натпреварот со резултатот што го посакуваме, -порача тренерот на Шкупи.

Средбата се игра од 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни