Поврзете се со нас

Шах

Се разгоре нова „војна“: Поранешниот светски првак Крамник го обвини Накамура, па доби „контра“!

Објавено

на

Barnos at German Wikipedia, CC BY-SA 3.0 , via Wikimedia Commons
Barnos at German Wikipedia, CC BY-SA 3.0 , via Wikimedia Commons

Поранешниот светски првак во шах, Владимир Крамник (од 2000 до 2007 година), кој свовремено го „прегази“ легендарниот Гари Каспаров за да стигне до најпосакуваната титула во светот на древната игра, деновиве е во центарот на нов скандал кој се распламте токму за време на Божикните празници.

Коментирајќи извесни резултати на уште еден високопрофилен играч, Хикару Накамура, кој настапува под американско знаме, Владимир Крамник на својот блог на платформата „Снеѕѕ.сом“, напишал дека „секому ќе му биде интересно да слушне“ дека еден играч во серија од 46 партии, победил на 45 и ремизирал во една. Според упатените, овој напис бил подоцна избришан, но во друг, објавен на 21 ноември тој вели дека „откако внимателно ја проверив статистиката на Хикару, пронајдов бројни ниски можности за перформанси и кај него, но и кај неговите противници“.

Според изјава дадена на новинарско прашање, Крамник тврди дека не мислел да посочи дека Хикару Накамура мамел во шахот, упатувајќи дека секој може да ги разбере неговите зборови како што сака.

Скандалот доби поголеми пропорции кога за време на Божикните празници од платформата на која Крамник го водел својот блог, решиле истиот да го затворат. Во нивното соопштение се вели дека ги анализирале посочените наоѓања на Крамник, но увиделе дека тие укажувања се неосновани.

Од своја страна, Крамник за затворањето на блогот вели дека бил известен од својот соработник и дека од американската платформа не се ни обиделе да комуницираат со него. Тој се огласи со сопствена изјава вокоја негира конкретни објавувања.

– Да се наречат моите напори за подобрување на ефикасноста на заштитата од мамење на платформата што ја нуди снеѕѕ.сом е вистинска јавна дезинформација, која може да предизвика голема штета за мојот имиџ,- се вели во објавата.

Тој побара од платформата да го преиспитаат нивниот став, но од таму нема реакција по тој основ. Напротив, од нивна страна уследи „контра“ преку социјалните мрежи, бидејќи Крамник на својот Твитер профил напиша дека ќе суспендира недолични коментари.

– Среќни сме да ги прифатиме овие услови,- напишаа од „снеѕѕ.сом“.

 

Крамник во изјава за „The Times“ рекол дека имал добиено најмалку една закана со убиство, како и дека е шокиран од реакцијата на платформата и на Накамура, кој ги користи социјалните мрежи за градење на сопствена популарност преку видео-стрим од шаховски тематики.

Претходно, светот на шахот беше вознемирен по скандалот со повлекувањето на светскиот првак Магнус Карлсен од еден турнир, каде што загуби од Ханс Ниман и даде изјава потоа за која ривалот го тужеше и бараше отштета од 100 милиони долари, но судот ја одби.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни