Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Сане ја направи смешна одбраната на Арсенал, Баерн води на полувреме (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Арсенал го диктираше темпото и создаде повеќе шанси за гол во првите 45 минути, но Баерн Минхен е тој кој има прердност по првиот дел на „Емирејтс“.

Тимот на Микел Артета отвори какошто посакуваше и постигна гол преку Букајо Сака, но откако Нојер спречи гол за 2:0, следеше казна на спротивната страна.

Баерн преку првата контра израмни на 1:1 и ја искористи голема грешка во одбраната на Арсенал, меѓутоа голот на Гнабри очигледно внесе голема нервоза кај „топчиите“.

Иако Арсенал беше играчки доста подобар, во 32-та минута прими и втор гол, и тоа од играчот кој до лани играше за нивниот најомразен ривал.

Хари Кејн не погреши од белата точка и погоди за 1:2, на најголем дел од задачата заврши Лерој Сане кој претходно во акцијата ја направи смешна одбраната на Арсенал.

Прво испадна Кивиор, потоа клизаше и Жоржињо, а Салиба беше оној кој на крајот направи пенал.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни