Поврзете се со нас

Англија

Руни официјално си пронајде нов клуб во Англија (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Вејн Руни не се прослави со резултатите во Бирмингем и заработи отказ од клубот во специфичен период од сезоната, а надолниот пад во кој западна тимот на крајот резултираше со испаѓање.

Познатиот англиски великан догодина ќе биде дел од третата лига, а интересно Вејн Руни денеска и официјално го презема тимот кој заврши едно место над Бирмингем и кое носеше спас во Чемпионшип.

Плимут ова попладне и дефинитивно ја потврди веста која кружеше во јавноста изминативе два дена, односно соопшти дека Руни ќе го води првиот тим во новата сезона.

– Новата улога која ја добивам во Плимут е вистински чекор во мојата кариера. Сакам да му се заблагодарам на газдата за довербата која ми ја покажа. Ова е голема шанса во возбудлив проект. Со нетрпение чекам да почнам да рарботам, се надевам дека ќе ја израдуваме „зелената армија“.

– Од прва рака имам искусено за каков талентиран тим станува збор и клубот има проект на долг план. Навистина сум благодарен што добивам голема шанса, – изјави Руни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни