Поврзете се со нас

Свет

Руни: Ги разбирам оние кои велат дека Роналдо е најголем, ама Меси…

Објавено

на

Веќе долги години трае дебатата за тоа кој е подобар, поголем играч од Лионел Меси и Кристијано Роналдо со тоа што сега Аргентинецот има уште еден ас, предност во тие споредби-титулата светски шампион.

Двајцата се фантастични играчи, великани, икони на овој спорт и разбирливо е луѓето да си имаат свој фаворит. Вејн Руни имаше можност да игра со Роналдо, да ја дели соблекувалната, теренот со него, меѓутоа за него е на едно повисоко ниво.

-Имам многу почит кон Кристијано Роналдо и кога луѓето велат дека тој е најголем, разбирам за што зборуваат и го почитувам нивното мислење. Ама за мене Меси е едноставно поинаков. Сум играл против Лионел неколку пати, неговата способност да ја контролира топката, да игра, да додава и да постигнува голови го прави посебен. Тешко е да се биде негов ривал, -вели Руни за Тајмс.

Зад Меси е извонреден период кој беше крунисан со мундијалска титула, додека пак Кристијано по „разводот“ со Манчестер Јунајтед имаше проблеми и во националниот тим каде во завршницата не беше во прв план за Португалија, селекција која беше елиминирана во четвртфиналето од Мароко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни