Поврзете се со нас

АТП

Руне распали по АТП: Што значи ова? (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ROLEXMCMASTERS

Холгер Руне имаше мала драма со публиката во Монте Карло и со судиите на мечот, па иако беше сериозно оштетен во вториот сет, Данецот се избори за трет во пресметката со Јаник Синер.

Руне ден претходно мина пет часа на теренот и играше два меча во неколку часа, но и покрај тоа понуди голема борба против Синер и го изнамачи моментално најдобриот тенисер на АТП турот.

Холгер имаше причини за незадовлоство по тесниот пораз, но уште повеќе е лут на луѓето од АТП кои се решија за една објава која го разбесни Данецо.

– Синер, силата нека биде со тебе, – гласи пораката на АТП, а за истата сега пристигна одоговор од Холгер.

– Што значи ова? Не дека ми дадовте најдобри услов на стартот, морав да играм два меча во ист ден и доцна да завршам, па останав и без време зао дмор. Судијата направи клучни грешки и даде погрешна опомена за мене, со што ми ја поремети играта. Силата нека биде со тебе…. Господе Боже, – порача нервозниот Руне.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни