Поврзете се со нас

АТП

Руд пронајде решение за Ѓоковиќ и ќе се бори за титулата во Монте Карло (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/DobleFaltaOk

Каспер Руд направи изненадување и славеше над Новак Ѓоковиќ со 2-1 во сетови (6:4, 1:6, 6:4) во второто полуфинале на Мастерсот во Монте Карло.

Ова за Руд е прва победа во дуелите со Србинот, а до истата дојде по скоро два ипол часа игра во малото кнежество. Норвежанецот влезе во дуелот со учинок 0-11 кога се во прашање пресметките со топ 3 тенисерите на АТП листата, меѓутоа и покрај овој товар тој се претстави во одлично светло и утре против Стефанос Циципас ќе се бори за пехарот на турнирот.

Каспер првиот сет го реализираше со 6-4, Ѓоковиќ се разбуди во вториот и го разби противникот и со тоа обезбеди трета решавачка рунда во која Ноле имаше лош почеток и му дозволи на скандианвецот да поведе со 3-0 во гејмови.

Се врати Србинот, дојде до 4-4 за да потоа дојде до нов пад во неговата игра и на свој сервис му дозволи на ривалот да ја запечати победата која е најголема во неговата кариера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни