Поврзете се со нас

Мото ГП

Роси по големото разочарување во Катар: Имав сериозен разговор со луѓето од Јамаха

Објавено

на

Валентино Роси имаше ветувачки настап на квалификациите во саботата и го освои четвртото место во ситуација кога беше многу блиску до првите тројца, но сепак вчера доживеа огромно разочарување на трката за Големата награда на Катар.

Искусниот Италијанец ја извозе својата премиерна трка како член на Петронас Јамаха, а по крајот на истата откри дека експресно имал долг и сериозен разговор со водечките луѓе.

Роси падна во втората половина од поредокот во првите неколку круга, па до финишот на трката се избори за разочарувачко 12-то место.

– Секако дека очекувавме повеќе, особено после добрите квалификации. Сепак, на трката имав многу проблеми, после неколку круга гумите почнаа да ми прават проблеми. Тоа се случи и во петокот и не го поправивме проблемот. Поради некоја причина, правиме преголем притисок врз задната гума и се прави адхезија. Сметавме дека со поладни температури нема да ни се случува тоа, но за жал не се изгуби проблемот.

– Имавме долг разговор по трката, им порачав како се чувствувам и сега ќе се обидеме да напредуваме и да го поправиме проблемот за следната трка. Честитки до Маверик, извозе неверојатно. Позитивно е тоа што победи Јамаха, очигледно подобро го подесоа мотоциклот од нас, добар беше и Квартараро, – изјави Роси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни