Поврзете се со нас

Свет

Роналдо не реализираше два зицери и остана без уште еден трофеј во Саудиска Арабија (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AlNassrFC_EN

По елиминациите во Ријад Суперкупот и Сауди Суперкупот, Ал Наср остана без шанса да се бори за уште еден трофеј, откако вечерва доживеа шок во полуфиналето на Кингс Купот.

Тимот за која настапува Кристијано Роналдо влезе како апсолутен фаворит во дуелот со Ал Вехда, не само поради квалитетот во ростерот, туку и поради ужасната форма на противникот.

Ал Вехда се бори за опстанок во домашното првенство, но вечерва го шокираше Ал Наср и успеа да извојува победа од 0:1 и покрај тоа што играше повеќе од 40 минути со играч помалку.

Гостите поведоа со погодокот на Беагуел во 23-та минута, но на стартот на вториот дел останаа без Ал Хафтих кој заработи втор жолт, автоматски црвен картон.

Кристијано Роналдо имаше неколку шанси на оваа средба, но две беа стопроцентни, една во првото и една во второто полувреме. Најпрво, Португалецот од непосредна близина го погоди само голманот на Ал Вехда, а потоа во 82-та минута ја погоди гредата и остана во неверица.

Роналдо беше бесен и по последниот судиски свиреж, односно му беше нејасно како неговиот тим не постигна барем еден гол во меч во кој доминираше во секој поглед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни