Поврзете се со нас

Македонија

Ристовски најави тужба во Лозана и вети парична награда за РК и ФК Вардар, Димевски му одговори преку МОК (Фото)

Објавено

на

Како што беше најавено, Борко Ристовски денеска одржа прес-конференција како реакција на четиригодишната суспензија која му ја изрече МОК, а која беше резултат на бурното интервју кое го имаше искусниот македонски голман при едно гостување во домашна телевизија.

Крајно незадоволен од изречената казна која смета дека е незаслужена, членот на Вардар денеска пред новинарите најави дека ќе го тужи МОК пред Спортскиот суд во Лозана, но „војната“ со Даниел Димевски не застана тука, па така првиот човек на МОК му возврати со зајадлива „анкета“.

Ристовски посочи дека правдата ќе ја бара на суд, а охрабрен од советите кои ги добил од угледни адвокати од странство, најави дека добиената парична отштета ќе ја донира во РК и ФК Вардар.

– Во последните денови бев во контакт со познати адвокати од странство и сите ме уверија дека имам правна основа за тужба пред Спортскиот суд во Лозана. Размислив и ќе го искористам тоа право, во наредниот период ќе испратам тужба до овој суд. Мојата намера не е да заработам од парите кои би ги добил, сумата се движи од 180 до 230 илјади евра и планирам истата да ја поделам рамномерно, половина за РК Вардар, а другата половина за ФК Вардар, – нагласи Ристовски.

Ова обраќање на Ристовски беше очекувано по казната која му беше доделена минатата недела, но „војната“ продолжи и на социјалните мрежи, каде МОК го проследи личниот став на Димевски за Борко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни