Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ревија од евроголови и фудбалски спектакли во ЛШ, полуфиналистите ќе се дознаат во Манчестер и Минхен (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Првите две четвртфинални пресметки во Лигата на шампионите беа како фудбалски празник за големите фанови, бидејќи во Мадрид и Лондон видовме дури десет гола во воведните натпревари меѓу европски великани.

Реал Мадрид и Манчестер Сити ремизираа 3:3 во вистински спектакл на „Сантијаго Бернабеу“, но ништо полошо не беше и на „Емирејтс“ каде се играше отворен и динамичен фудбал.

Арсенал и Баерн Минхен дадоа по два гола и оставија се за реваншот во Минхен кој се игра наредната седмица, а истото важи и за „кралевите“ и „граѓаните“.

Дербито на вечерта во ЛШ започна со чуден гол на Бернардо Силва кој го фати Лунин на спиење, но Реал Мадрид експресно одговори и со два брзи гола на Дијаш (автогол) и Родриго направи целосен пресврт. Со резутлатот 2:1 се отиде на полувреме и Сити не можеше да пронајде пат до голот на домашниот тим, па тоа го натера Пеп да го „умртви“ темпото во вториот дел.

Тоа беше еден вид на коцкање бидејќи Белингам и Винисиус пропуштија убави шанси за 3:1, по што дојде моментумот на гостите кои постигнаа два еврогола за нов пресврт.

Фоден и Гвардиол постигнаа извонредни голови во мрежата на Лунин за 2:3, но Реал не се откажа и Валверде возврати со ремек-дело за конечни 3:3 и најава за нов спектакл во Манчестер.

На вториот меч, Арсенал поведе со голот на Сака и ја искористи почетната иницијатива, но потоа направи две големи грешки во одбрана и му дозволи на Баерн да постигне два гола. Гнабри и Кејн се погрижија за пресврт до крајот на првиот дел, додека Тросар се погрижи за реми со гол за 2:2 во 76-та минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни