Поврзете се со нас

Шпанија

Реал го претстави второто летно засилување: Се враќам за да триумфирам во најголемиот клуб во светот (Фото)

Објавено

на

Реал Мадрид го презентираше второто летно засилување во период од 24 часа, бидејќи после Фран Гарсија кој позираше вчера со белиот дрес на „кралскиот клуб“, својот момент го дочека и Брахим Дијаз.

Талентираниот фудбалер кој мина три години на калење во Милан реши да прифати нов договор со Реал во важност до 2027-ма година, па така ќе добие втора шанса за докажување во првиот тим.

Заминувањето на Асенсио беше јасен сигнал дека се отвора простор за Брахим, кој вели дека не му важно дали ќе биде стартер или резерва, туку само да триумфира во најголемиот клуб во светот.

– Овие изминати три години во Милан ми послужија многу добро, навистина напреднав и созреав на теренот и надвор од него. Ќе гледате Брахим кој има голема желба да триумфира во Реал Мадрид.

– Се вратим во Мадрид за да триумфирам, за да бидам успешен во најдобриот клуб во светот. Секогаш стојам на располагање на тимот, не е важно каде играм и колку играм. Најдобрата позиција за мене е онаа на која ќе ме постави тренерот. Можам да играм на трите позиции во нападот, но и во средниот ред, – изјави Брахим кој во Реал ќе го носи дресот со број 21.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни