Поврзете се со нас

Свет

Ракометното семејство завиено во црно: Почина тренерот кој доминираше повеќе од една деценија во Европа (Фото)

Објавено

на

Шведска е ракометна велесила која има посебно место во историјата на овој спорт, а главна причина за тоа е Бенгт Јохансон, човекот кој денеска за жал почина на 79-годишна возраст.

Ракометната асоцијација на Шведска ова попладне ја пренесе тажната вест за смртта на еден од најдобрите стручњаци во историјата на ракометот, информација која го зави во црно цело ракометно семејство со оглед на богатството кое го остави Јохансон во Европа.

Јохансон во својата младост бил ракометен репрезентативец, но многу повеќе ќе се памети по улогата на тренер и селектор која ја извршуваше дури 16 години.

Бенгт ги водеше „викинзите“ од 1988-ма до 2004-та година и во тој период Шведска беше доминантна ракометна сила, бидејќи освои дури четири Европски првенства и две Светски првенства.

Јохансон денеска починал во својата родна земја после подолго боледување, но неговиот статус во Шведска го прави бесмртен бидејќи неговиот тим наречен „Бенган бојс“ остави трага во историјата која не може да се избрише.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни