Поврзете се со нас

Македонија

Работнички повторно отиде над „стотка“ и ја продолжи победничката серија

Објавено

на

Кошаркарите на Работнички запишаа уште еден победа во најсилниот домашен шампионат и тоа на гостувањето во Гевгелија кај Кожув (110:85).

Избраниците на Мираковски одиграа нов ефикасен натпревар во кој повторно постигнаа над 100 поени, па кога е така тешко е да не се оствари позитивен резултат пред се во нашето првенство.

„Центарци“ немаа послаба четвртина од 26 поени, па на крајот се радуваа со 25 разлика и тоа во средба во која Пол и Малешевиќ уфрлија по 20 поени, а Форте и Бакоч реализираа по 18 кошеви.

Кај домаќините супер партија имаше Јузбашиќ со 31 поен и 11 скокови.

На другите две средби Чаир ја доби Струмица (97-92), додека Еуро Никел ја надигра Академија ФМП со 92-63.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни