Поврзете се со нас

Македонија

Работнички ја комплетираше продажбата на талентираниот Фетаи (Фото)

Објавено

на

Foto:facebook.com/NKLokomotivaZagreb

Работнички е клуб кој се претвори во ризница на големи фудбалски таленти, кои својот пат го започнуваат во Дебар Маало, а потоа продолжуваат со интернационална кариера во Европа.

Такви се примерите со Дарко Велковски, Столе Димитриевски, Елиф Елмас, Лука Станковски и многу други, но сега во оваа плејада на фудаблери се приклучи и Фета Фетаи.

Талентираниот играч за врска одигра 13 натпревари како тинејџер во Првата македонска фудбалска лига и веднаш го привлече вниманието, а промовирањето како голема надеж експресно му донесе трансфер.

Работнички уште пред неколку дена откри дека Фета е продаде на Локомотива Загреб, клуб кој денеска и официјално го претстави младиот македонски репрезентативец како ново летно засилување.

Оваа вест донесе голема радост и меѓу „романтичарите“, кои му посакаа се најдобро на Фетаи во новата авантура.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни