Поврзете се со нас

Македонија

Прво засилување: Бутел договори кадетски репрезентативец на Македонија

Објавено

на

foto: FB/RK Butel Skopje

Екипата на РК Бутел Скопје го престави првото засилување за новата сезона, засилување кое доаѓа од редовите на Тинекс Пролет.

Тоа е кадетскиот репрезентативец на Македонија, Дамјан Георгиев кој се согласи да потпише тригодишен договор со прволигашот.

Георгиев е десно крило кој знае да одговори и на позицијата десен бек, па ќе биде сериозна опција за новиот тренер на тимот, Горан Кузманоски.

Претходно бутелчани ги продолжија договорите со бековите Ѓоргиевски и Давитковски како и со голманот Блажески.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни