Италија
Потресените Ѕаниоло и Тонали дале исказ пред полицијата, медиумите ги пренесоа нивните зборови

Николо Ѕаниоло и Сандро Тонали беа отстранети од италијанската фудаблска репрезентација во текот на вчерашниот ден, а причина за тоа е новиот скандал кој изби на Апенините поврзан со обложување на познати фудбалери.
Николо Фаџоли веќе ја призна вината и обложувањето на фудбалски натпревари може да му донесе тригодишна суспензија во Италија, но вчера многу повеќе прашина се крена околу случаите на италијанските репрезентативци.
Ѕаниоло и Тонали биле испрашувани од полицијата уште во тренинг комплексот на „аѕурите“ и со солзи во очите го напуштиле истиот, а сега италијанските медиуми откриваат дека нивните телефони биле задржани во станица.
„Газета дело Спорт“ и „Ла Република“ информираат дека и двајцата признале дека се обложувале на нелегални интернет платформи, но се оправдале дека во ниту еден момент не се обложувале на фудбалски натпревари.
Фудбалерите на Астон Вила и Њукасл на сослушувањето истакнале дека се обложувале само на покер и „блекџек“, па доколку тоа биде докажано во истрагата, нивната казна се очекува да биде доста помала.
-
Англијапред 19 часа
Невил искрено за Јунајтед: Ова е тажна позиција, се изморив од сопствениот клуб…
-
Англијапред 17 часа
Кин почнува да се сомнева во Сити: Има причина зошто…
-
Светпред 20 часа
Емотивен крај: Суарез постигна гол на последниот натпревар за Гремио и го прослави во стилот на Меси (Видео)
-
Италијапред 15 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 22 часа
Конкуренција за Гарначо: Тривела-магија во Англија се издвојува како сериозен кандидат за „Пушкаш“ наградата (Видео)
-
Англијапред 4 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 14 часа
Издвои три имиња: Белингем „знае“ кој ќе ја освои наградата „Златно момче“ за 2024 година
-
Италијапред 23 часа
Де Лаурентис лудувал по поразот од Интер: Ова е грабеж!